Повеќе од 10.000 новозаразени во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Русија објави повеќе од 10.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, најмногу за еден ден од средината на мај.

Во претходните 24 часа беа регистрирани 10.499 новозаразени лица, со што вкупниот број на потврдени случаи се зголеми на повеќе од 1,2 милиони.

Од Русија, која пријави 21.000 смртни случаи од коронавирус, само САД, Индија и Бразил имаат повеќе заразени.

Руските власти тврдат дека не планираат да воведат нова забрана за движење, во земја во која се укинати повеќето ограничувања воведени минатата пролет со цел да се сузбие епидемијата.

Москва пријави повеќе од 3.000 нови случаи, најмногу за еден ден во неколку месеци, поради што властите препорачаа старите лица да не ги напуштаат своите домови и да ги продолжат претстојните училишни одмори за една недела.

Слични содржини