Повеќе од 100 илјади жалби до Би-Би-Си поради начинот на известување за смртта на принцот Филип

од Stefanija Kuzmanovska

Би-Би-Си доби 110.000 поплаки за известувањето за смртта на принцот Филип, што е најголем број жалби досега на телевизијата во Велика Британија.

Приговори се поднесуваа во последните шест дена, од смртта на сопругот на кралицата Елизабета Втора. Тие се осврнаа на обемното известување за принцот на телевизиските и радио каналите на Би-Би-Си.

Како резултат, формирана е официјална веб-страница единствено за поднесување жалби. Оттогаш е отстранета.

„Признаваме дека некои гледачи не беа задоволни од нивото на известување и влијанието кое тоа го имаше врз наплатените ТВ и радио распореди“, соопшти Би-Би-Си.

„Ние не правиме такви промени без внимателно разгледување, а донесените одлуки ја одразуваат улогата што Би-Би-Си ја игра како национална телевизија, во моменти од национално значење“, се наведува.

„Благодарни сме за повратните информации и секогаш ја слушаме реакцијата на нашата публика“.

Слични содржини