Повеќе од 15 милиони се заразени со корона во Бразил

од Vladimir Zorba

Бразил пријавил 73.380 новозаразени со коронавирус во последните 24 часа, соопшти вчера Министерството за здравство, со што вкупниот број на потврдени случаи во таа најголема латиноамериканска земја се искачи на повеќе од 15 милиони, пренесе Ројтерс.

Министерството, исто така, додава дека Бразил пријавил 2.550 смртни случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа, така што сега официјалниот број на загинати од почетокот на пандемијата е 416 949.

Слични содржини