Почетна / Сцена / Повеќе од 170 предмети на Кит Флинт продадени за 347 илјади фунти

Повеќе од 170 предмети на Кит Флинт продадени за 347 илјади фунти

Повеќе од 170 предмети биле продадени на аукцијата со цел да се подмират трошоците по смртта на пејачот во Есекс.

Три МТВ награди од 1997 година се покажале како најскапи предмети, вредни 16.000 фунти, додека неговиот познат специјално дизајниран за него кревет бил продаден за 8.500 фунти.

Аукциската куќа во Кембриџ која ја организирала продажбата соопштила дека биле надминати сите очекувања.

Различните предмети, вклучувајќи облека, чизми, карти за бекстејџ, регистерски таблици, плочи, слики , претставуваат увид во приватниот живот на Кит и ја истакнуваат разликата меѓу неговата сценска личност и приватниот живот.

По продажбата од аукциската куќа рекле дека интересирањето било „феноменално“.
– За време да целата вечер во салата владееше фантастична атмосфера, обожавателите пропатуваа од цела Европа со цел да присуствуваат, а купувачите се придружија и преку интернет – изјавил Милард.

loading...