Повеќе од 18.000 дози на вакцината Фајзер пристигнуваат во Србија

од Nikola Popovski

Нови дополнителни дози од вакцината „Фајзер“, поточно 18.525, ја преминале границата и пристигнуваат во Србија, пишува српски „Курир“.

Дополнителните дози на вакцината против коронавирус треба да пристигнат на 19 и 25 јануари.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Шерлек, вчера изјави дека досега се вакцинирани 9.300 граѓани на Србија.

Од денес, граѓаните на Србија можат да го изразат својот интерес за вакцинација против Ковид-19 со пополнување на едноставен прашалник на порталот www.euprava.gov.rs.

Ова е првиот чекор во организацијата на масовна вакцинација и добивање на датум и место на имунизација во согласност со приоритетите пропишани од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ“ Батут.

Слични содржини