Повеќе од 180 уапсени во Минск, полицијата претепала учесници на протестот

од Stefanija Kuzmanovska

Илјадници Белоруси организираа нови демонстрации низ целата земја во неделата против долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко, барајќи негова оставка.

Група за заштита на човековите права изјави дека полицијата уапсила повеќе од 180 демонстранти во Минск и други градови и дека тие претепале некои учесници на протестот, пренесува АП.

И покрај снегот, големи групи демонстранти се собраа во неколку делови на Минск, блокирајќи патишта во некои области.

Тие носеа транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше „Сосед за сосед против диктатурата“ и извикуваа разни пароли, кои се однесуваа на Лукашенко, кој владее 26 години.

Полицијата повторно фрли солзавец и шок-бомби за да ги растера насобраните, а некои ги бркала до дворовите на зградите и ги тепала со пендраци.

Во пресрет на протестот, полицијата распоредила водени топови, оклопни возила и комбиња во центарот на Минск.

Слични содржини