Повеќе од 19 милиони луѓе се заразени со коронавирус во светот

од Vladimir Zorba

Повеќе од 19 милиони луѓе се заразени со коронавирус во светот, од кои еден милион за помалку од четири дена.

Според новиот биланс што го собра АФП до 23,00 часот (GMT) во четврток, од коронавирус во светот починаа 712.315 луѓе, а бројот на официјално заразени е 19.000.553.

Во САД починале 159.864 лица, заразени се 4.870.367, додека во Бразил загинале 98.493 лица, а 2.912.212 биле заразени.

Двете земји се најпогодени од вирусот.

Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка на заразени, бидејќи многу земји само тестираат пациенти на кои им е потребен болнички третман.

Слични содржини