Повеќе од 20.000 Американци починаа од КОВИД-19

од Vladimir Zorba

Бројот на Американци кои починаа од коронавирус надмина 20.000 во саботата, што е најмногу во светот, според сајтот „Worldometer“, кој собира официјални податоци од властите за бројот на починати од „КОВИД-19“ од сите земји и територии во светот.

Бројот на заразени досега во САД е повеќе од 520.000, но има индиции дека епидемијата е близу до својот врв.

Италија е втора со 19.468 смртни случаи, следена од Шпанија со 16.353 починати.

Има пет пати повеќе луѓе кои живеат во САД отколку во Италија и седум повеќе од Шпанија.

Според најновите податоци, во светот има 1,74 милиони заразени луѓе и повеќе од 106.900 смртни случаи.

Слични содржини