135
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа се пријавени повеќе од 253.000 нови случаи на инфекција, објави Светската здравствена организација.
Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа скоро 6.000 луѓе, а вкупниот број на загинати надмина 728 илјади, јавува агенцијата ТАСС.
На прво место по бројот на заразени и мртви се САД, а на второто место е Бразил.