Повеќе од 30 авганистански новинари биле нападнати во последните два месеца

од Milan1

Во изминатите два месеца се пријавени повеќе од 30 случаи на насилство и закани за насилство врз авганистански новинари, а во речиси 90 отсто од случаите, сторители се талибанците.

Од случаите на насилство пријавени од Авганистанското здружение на новинари, повеќе од 40 отсто биле тепање, а останатите 40 отсто се закани со насилство. Други случаи вклучуваат еднодневни апсења на новинари.

Еден новинар бил убиен.

Повеќето од актите на насилство им се припишуваат на талибанците, кои насилно ја презедоа власта во Авганистан во средината на август.

Извештајот е објавен во време кога талибанците се обидуваат да воспостават дипломатски односи со меѓународната заедница, но голем број земји не сакаат да го признаат легитимитетот на нивното владеење.

Талибанците се обидуваат да се позиционираат како одговорни владетели и да ветат безбедност за сите.

Авганистан долго време е опасно место за новинарите. Според податоците од почетокот на септември, од 2001 година во земјата биле убиени 53 новинари, од кои 33 починале по 2018 година.

Слични содржини