Повеќе од 32 милиони луѓе ширум светот се заразени со корона

од Vladimir Zorba

Според веб-страницата „Worldometar“, повеќе од 32 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот.

Соединетите држави се најтешко погодени од пандемијата Ковид-19 – повеќе од седум милиони луѓе се заразени, а повеќе од 200.000 починаа. На второ место е Индија со скоро шест милиони пациенти и повеќе од 91.000 смртни случаи.

Бразил е на третото место според бројот на заразени – 4,6 милиони луѓе се заразени со вирусот, а повеќе од 138 000 починале. Русија е на четвртото место во светот и на првото во Европа, каде што се разболе 1,1 милиони луѓе и починаа скоро 20.000 лица.

Слични содржини