Повеќе од 350.000 смртни случаи од коронавирус во САД

од Nikola Popovski

Повеќе од 350.000 луѓе починаа од коронавирус во САД, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

САД имаа 2.398 нови смртни случаи од Ковид-19 претходниот ден, а вкупниот број на смртни случаи беше 350.186.

САД се први во светот според бројот на смртни случаи од коронавирусот, како и според бројот на потврдени случаи на инфекција, од кои има повеќе од 20 милиони од почетокот на пандемијата.

Нов Зеланд: Задолжителни ПЦР тестови за американските и британските граѓани

Нов Зеланд ќе побара од сите патници кои доаѓаат од САД и Велика Британија да покажат негативен ПЦР тест пред да влезат во таа островска земја, соопшти денеска Министерството за правда.

Новите мерки ќе бидат на сила од 15 јануари и се сметаат за нов „заштитен слој“ за Нов Зеланд од вирусот, се додава во соопштението на министерството, пренесува CNN.

Во моментов, на сила се малку послаби ограничувачки мерки, бидејќи патниците што доаѓаат од САД и Велика Британија треба да бидат тестирани 24 часа по влегувањето во Нов Зеланд.

До крајот на саботата, оваа пацифичка земја регистрираше 2.152 случаи на Ковид- 19 и 25 починати, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Слични содржини