Повеќе од 36.500 луѓе убиени во Мексико во 2020 година

од Stefanija Kuzmanovska

Според Националниот институт за статистика, бројот на убиства во Мексико од 36.579 во текот на минатата година во основа остана непроменет во споредба со 2019 година.

Иако пандемијата на коронавирус намали многу други активности во Мексико во текот на 2020 година, бројот на убиства остана близу до оној од 2019 година, кога беа убиени 36.661 лица.

Ова значи дека стапката на убиства во Мексико во 2020 година остана непроменета и изнесува 29 на 100.000 жители, а заради споредба, стапката на убиства во САД во 2019 година беше 5,8 на 100.000, пренесува АП.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата администрација успеала да го запре зголемувањето на бројот на убиства, но дека сè уште не ги намалила во поголема мера, пренесе „Танјуг“.

Експертите велат дека голем дел од насилството во Мексико е поттикнато од национални судири меѓу нарко-картелите Халиско и Синалоа, кои често дејствуваат заеднички или преку локални банди.

Слични содржини