Повеќе од 60 милиони Индијци би можеле да бидат заразени со корона

од Vladimir Zorba

Повеќе од 60 милиони Индијци, или десет пати повеќе од официјалните податоци, би можеле да бидат заразени со коронавирус, објавија денес индиските власти, повикувајќи се на националната студија за серолошки тестови.

Според официјалните податоци, во Индија со 1,3 милијарди жители има 6,1 милиони заразени со коронавирус, а таа земја е втора најпогодена земја во светот, по САД.

Сепак, тестовите на крвта направени на 29.000 луѓе низ Индија од средината на август до средината на септември покажуваат дека бројот на заразени може да биде значително поголем.

Индија постепено ги олесни мерките за карантин воведени во март во обид да ја спаси економијата.

Слични содржини