Повеќе од 700.000 луѓе починале од коронавирусот

од Vladimir Zorba

Според најновите податоци од веб-страницата „Worldometers“, повеќе од 700.000 луѓе починале од инфекција со коронавирус во светот.

Потсетуваме дека 600 000 смртни случаи од оваа заразна болест се регистрирани на 18 јуни.

Најголем број на луѓе кои ги загубија животите како резултат на Ковид 19 се наоѓаат во САД, а потоа следат Бразил, Мексико, Велика Британија и Индија.

Вкупниот број на пациенти, евидентирани од порталот Worldometers, е околу 18,5 милиони.

Според порталот, закрепнале 11.768.175 луѓе. Има нешто повеќе од шест милиони активни случаи, од кои 65.761 се во критична состојба.

Слични содржини