Повеќе од 800.000 луѓе починале од коронавирус ширум светот

од Vladimir Zorba

Во светот од коронавирус починале 800.004 луѓе, а заразени се 23.003.079 лица, објави Франс-Прес.

Латинска Америка и Карибите се најтешко погодени со 254.897 смртни случаи, додека половина од смртните случаи во светот се регистрирани во четири држави – САД (175.416), Бразил (113.358), Мексико (59.610) и Индија (55.794).

По Латинска Америка, повеќето мртви се во Европа (212.533), а потоа следуваат Канада и Соединетите Држави (184.516), Азија (86.2288), Блискиот исток (33.930), Африка (27.319) и Океанија (521).

Франс Прес прави дневен биланс заснован врз државните податоци од земјите во светот и информациите од Светската здравствена организација.

Слични содржини