Повеќе од пет милиони луѓе ширум светот починаа од коронавирус

од Nikola Popovski

Од коронавирусот во светот починале пет милиони и 78.208 луѓе, а заразени се 251 милион и 869.080 луѓе, објави денеска агенцијата Франс прес.

Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

САД беа најтешко погодени со 759.677 смртни случаи и 46.852.796 заразени.

Следува Бразил со 610.224 смртни случаи и 21.924.598 случаи на заразени, Индија со 462.690 смртни случаи (34.414.186 заразени), Мексико со 290.630 смртни случаи (3.838.308 заразени) и Русија со 252.959 смртни случаи (8929).

Меѓу најтешко погодените земји, Перу има најмногу смртни случаи во однос на населението, 608 на 100.000 жители. Следат Бугарија (371), БиХ (363), Македонија (350), Црна Гора (348), Унгарија (329) и Чешка (293).

Латинска Америка и Карибите имаат 1.528.464 смртни случаи (46.213.403 инфицирани), Европа 1.445.374 смртни случаи (77.766.952 инфицирани), Азија 881.118 смртни случаи (56.370.820 инфицирани), Соединетите Американски Држави и Канада 788.935 смртни случаи (48.594.127 инфицирани), Африка 220.222 смртни случаи (8.552.836 инфицирани), Блискиот Исток 211.106 смртни случаи и Океанија 2.989 смртни случаи (278.150 заразени).

Франс прес прави дневен биланс врз основа на државните податоци од земјите ширум светот и информациите од Светската здравствена организација.

Слични содржини