Повеќе од половина од Каталонците се против независност

од Vladimir Zorba

Малку помалку од половина (50,5 проценти) од населението во Каталонија не сака држава независна од Шпанија, додека 42 проценти го сакаат тоа, покажуваат резултатите од Центарот за истражување на јавното мислење на Каталонија, Centre d`Estudis d`Opinió (CEO).

Истражувањето е спроведено од 25 јуни до 21 јули меѓу 2.000 жители на Каталонија, автономна покраина во североисточна Шпанија, кои одговораа на прашањето „Дали сакате Каталонија да стане независна држава?“

Според Хина, околу 42 проценти од испитаниците одговориле позитивно на тоа прашање, што е најнизок процент од јули 2017 година.

Владата на Каталонија организираше референдум за независност во октомври 2017 година, и покрај забраната на шпанскиот Уставен суд.

Минатата година, девет каталонски службеници беа осудени пред судот во Мадрид на затворски казни од 9 до 13 години за организирање на референдумот.

Слични содржини