Повеќе пари од поврат на ДДВ: Радовишанец и скопјанка на 98 години скенираат фискални сметки!

од Берта Китинска

Лицата кои скенираат фискални сметки ќе добијат по 2100 денари на секои три месеци, наместо досегашните 1800. Новите измени ќе стапат на сила од јануари 2023, најави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

По региони, најмногу сметки се скенирани на територијата на Скопје, па во Штип, Битола, Прилеп, Тетово и Струмица. Најмногу скенирани сметки има од бензинските пумпи, од мали и големи маркети, аптеки и продавници за облека и бела техника.

Статистиките велат дека апликацијата повеќе ја користат жените отколку мажите.

Апликацијата е прифатена од лица на возраст од 15 до 98 години.Маж на 98 години од Радовиш и жена на иста возраст, жителка на скопски Карпош, се највозрасните македонски граѓани кои ја користат апликацијата МојДДВ и скенираат фискални сметки, вели директорката на УЈП.

Во период од три години од почетокот на мерката МојДДВ кај граѓаните се вратени 4,2 милијарди денари, или 68,3 милиони евра од платениот ДДВ. Таа информира дека апликацијата стартувала со близу 213 илјади корисници, а денес има близу 460 илјади.

Слични содржини