Повеќе шумски пожари во Италија и покрај пониските температури

од Stefanija Kuzmanovska

Пожарникарите во Италија продолжуваат да се борат со бројни шумски пожари, додека во исто време продолжува периодот на суша во таа земја.

Според извештаите во понеделникот вечерта, речиси 630 операции за гаснење пожар се случиле во текот на изминатите 12 часа низ целата земја, а пожарите предизвикале нови штети, особено во Сицилија и Калабрија, на југот на земјата.

Пожарникарите кои пристигнуваат од сите делови на земјата ќе ги продолжат напорите за гаснење пожари во најтешко погодените региони барем до 22 август, изјавија претставници на италијанската цивилна заштита во Рим, пренесува „Хина“.

Министерството за здравство, пак, го намали нивото на предупредувања поврзани со големиот топлотен бран во следните два дена. Официјалните временски извештаи очекуваат малку пониски температури низ Италија, кои ќе бидат околу 30 степени.

Слични содржини