Повеќето Американци не му веруваат на Трамп за вакцината против коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќето Американци не веруваат во она што американскиот претседател Доналд Трамп го зборува за вакцина против коронавирусот, покажа анкета на Ен-Би-Си.

Вкупно 52 проценти од испитаниците рекле дека не веруваат во коментарите на шефот на државата за вакцините, додека 26 отсто го тврдат спротивното. Во исто време, 20 проценти рекле дека не знаат дали да му веруваат на Трамп во она што го зборува за вакцините.

Истражувањето покажа дека 58 проценти од републиканците му веруваат на Трамп за вакцините, а 14 отсто не. Само три отсто од демократите имаат доверба во шефот на државата за вакцина против коронавирус, додека 88 отсто не веруваат на неговите коментари. Независните многу повеќе размислуваат како демократите. Само 10 проценти од нив му веруваат на Трамп за вакцини, а 55 отсто не.

Вкупно 39 проценти од испитаниците (44 проценти пред еден месец) изјавиле дека ќе ја примат вакцината одобрена од Владата, 23 проценти (22 отсто пред еден месец) не, а 36 проценти воопшто не се сигурни. Истражувањето беше спроведено преку интернет од 7 до 13 септември 2020 година. Во него учествуваа 36.654 испитаници, избрани од повеќе од 2 милиони луѓе, кои беа анкетирани на дневно ниво на платформата „Срвејманки“ (SurveyMonkey).

Слични содржини