Повеќе од 52.000 украински војници добија обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

од Vladimir Zorba
534 прегледи

Повеќе од 52.000 украински војници, наредници и офицери поминале обука во рамките на Мисијата на ЕУ за воена помош за поддршка на Украина (ЕУМАМ), соопшти денеска украинското Министерство за одбрана.

Украинскиот заменик-министер за одбрана за европски интеграции Олександр Баланука и генералниот директор на воениот штаб на ЕУ, генерал-полковник Михиел ван дер Лаан ја истакнале, како што е соопштено, потребата таа мисија да продолжи, пренесе Укринформ.

Баланука рече дека вооружените сили на Украина во моментов формираат нови бригади, па затоа има потреба од квалитетна воена обука.

Слични содржини