Повеќе од 70 коњи изгореа, а еден човек е повреден во голем пожар во Франција

од Илинка Илиоска
204 прегледи

Пожарот што избувна во штала за тркачки коњи рано утринава во Калвадос предизвика смрт на повеќе од 70 коњи, кои загинаа во пламенот, а маж (21) се здоби со сериозни повреди на рацете, пренесоа француските медиуми.

Беше 5 часот и 40 минути наутро, оваа недела, кога пламените јазици се појавија во оваа штала лоцирана во Бернеска, во Калвадос, пишуваат француските медиуми, Заробени во своите тезги, без можност да избегаат, како што се наведува, сите коњи умреле.

Локалните власти изјавија за АФП дека „неопходни се проверки, но 70 коњи се пријавени мртви“, вклучувајќи кобили и ждребиња кои се наоѓале во шталата.

Се додава дека причината за пожарот се верува дека била случајна, но дека полицијата ќе го испита инцидентот за да ја утврди точната причина.

Пожарот целосно ја уништи шталата од 1000 метри квадратни, пишуваат оттаму. Наводно, 21-годишен маж се здобил со повреди на рацете. Тој итно бил пренесен во болницата во Бајо.

Во оваа интервенција биле ангажирани повеќе од дваесет пожарникари и шест возила, пишуваат француските медиуми, а причината за несреќата се уште не е позната. Криминалистичките техничари на жандармеријата Калвадос се ангажирани да ја испитаат шталата, пишуваат тие.

Слични содржини