Повик на 192: Ало, полиција, авионите кои надлетуваат пуштаат материја од која се заболуваат луѓето

од Берта Китинска

Покрај кражбите, сообраќајните несреќи , на линијата 192  во МВР се пријавуваат и поплаки  кои се надвор од полициското постапување .

-Добиваме пријави од типот дека кучињата кај соседите лаат кога е време за одмор, авионите кои го надлетуваат градот не прскаат против комарци туку пуштаат материја со која се заболуваат луѓето, како и многу други пријави кои не се од доменот на полициско постапување, од типот на љубовни проблеми.Временскиот преиод на пријави најчесто е наутро каде се бележат повеќе повици од 06,00-10,00 часот и попладне од 15,30 -18,00 часот, додека во време на викенд најчесто повиците се од 21,00-02,00 часот, велат од МВР за Локално.

На прашањето за што најмногу граѓаните бараат помош од полиција велат дека во моментов се бара помош за околу законските обврски кои се однесуваат околу пандемијата Ковид- 19, непочитување на мерките кои се донесени.

– Најчесто граѓаните, поради актуелната ситуација во државата бараат помош околу законските обврски кои се однесуваат околу пандемијата Ковид- 19, непочитување на мерките кои се донесени , меѓутоа не се исклучуваат и прашањата околу сообраќајот во градот и работата на угостителски објекти најчесто во време на викендите како и други прашања од секојдневниот живот(како е постапка за вадење на лична карта, возачка дозвола, пасош и т.н), информираат од МВР.

Слични содржини