Повик за учество на филмска работилница „Докуникулци 2018“

од Vladimir Zorba

Фестивалот за документарни филмови „МакеДокс“ објави повик за учество за млади од 13 до 19 години кои сакаат да бидат дел од работилницата за креативен документарен филм „Докуникулци 2018“.

Работилницата ќе ја организира во соработка со ДримОН фестивалот, а за да се пријават заинтересираните треба да се снимат себеси во вид на видеопорака со телефон или веб-камера.

Видеото треба да трае најмногу пет минути и во него кандидатот да одговори на прашања како: Кој документарен филм ти оставил најголем впечаток и зошто?; Освен преку соништата, накој друг начин бегаш од секојдневието?; Која е приказната што сакаш да ја раскажеш и зошто е различна од останатите?; Што би издвоил/а за себе како важно, специфично, откачено?…

Видеото треба да се прати на [email protected] преку  WeTransfer или да се прикачи на ВИМЕО или Јутуб заштитено со лозинка и да се прати линкот и лозинката. Малолетните апликанти треба да достават и согласност од одговорен возрасен кој ќе го одобри нивното учество.  Учеството е бесплатно, а покриени се и трошоците за сместување, превоз и храна.

Повикот е отворен до 30 јуни, а резултатите ќе бидат објавени до 5 јули 2018. Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии и ќе се случува за време на Патувачкото кино на „МакеДокс“ и „ДримОН“ (21-28 јули т.е. 7 дена), Филмскиот фестивал „МакеДокс“ (16-23 август т.е. 6 дена), две есенско-зимски сесии по договор (5-7 дена).

Своите знаења и вештини во документаристиката на работилницата ќе  ги споделат членови на креативниот тим на „МакеДокс“, како и минатогодишните учесници на работилниците./МИА

Слични содржини