„Повисоки пензии од 900 денари и дополнителни 3.000 денари за секој пензионер“

од Берта Китинска

Владата предводена од СДСМ постојано презема мерки и политики што значат заштита и унапредување на животниот стандард на сите категории граѓани.Постигнат е договор со Асоцијацијата на пензионерите за ново зголемување на пензиите и пакет финансиска помош за пензионерите, велат од владејачката партија.

-Од септември, пензионерите ќе имаат покачување од 900 денари во просек или годишно 12.000 денари плус пари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата.Покрај новата методологијата за забрзан раст на пензиите, Владата обезбеди и пакет помош за секој пензионер од по 1.000 денари во месеците април, мај и јуни.Тоа значи дополнителни 1.000 денари за околу 330.000 пензионери.Претходно се постигна договор и за ново зголемување на минималната плата која веќе за овој месец ќе изнесува 18.000 денари, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека така ќе се поттикне раст на сите плати, со самото тоа повисоките плати значат и поголеми придонеси.

Слични содржини