Повисоки сметки за струја за јули – се очекува намалување на ДДВ-то

од Берта Китинска

Се поизвесно е дека новите фактури за јули кои треба да се испорачаат ќе бидат со  новата цена, но без намалено ДДВ.

Министерот за финансии Бесими посочи дека додека не се донесе законското решение,  сметките ќе се пресметуваат со ДДВ од 18  отсто , наместо со

„ ДДВ ќе се намали од 18 на 5 проценти кога ќе биде усвоено, но јас сметам дека е прашање на денови овие измени да бидат донесени. На новите сметки е опфатен период пред одлуката на РКЕ и опфаќа дел пред таа одлука и една недела по таа одлука. Се додека законот не помине во Собрание, сметките ќе биде повисоки“, рече Бесими.

Од ЕВН потврдуваат дека на сметките ќе пресметуваат за 12,3 проценти повисока цена на струјата и сегашното ДДВ од 18%.

Слични содржини