Повредената жена во сообраќајката на автопатот Велес-Скопје се бори за живот

од Nikola Popovski

Во многу тешка состоба, со скршеници на главата и крварење, е жената која беше донесена на Клиниката за трауматологија во Скопје по сообраќајката што се случи утрово на автопатот Велес-Скопје кај Пуста Кула.

Како што велат од Ургентниот центар при Хируршките клиники во Скопје, жената била примена во кома. Направено и е компјутерско снимање и се преземаат мерки за санирање на нејзината состојба.

Се дознава дека жената била во возилото со уште двајцата повредени, таткото и десетгодишна ќерка кои по несреќата се пренесени во велешката Општа болница. Возилото, според првичните сознанија, директно удрило во камион.

СВР Велес ги утврдува причините за сообраќајката кај Пуста Кула на автопатот Велес – Скопје во која беа вклучени шест возила, а има тројца повредени.

Слични содржини