Повредени деветмина полицајци во сообраќајна несреќа

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека деветмина полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчераутро во близина на с. Белановце, Кумановско. При несреќата полициското комбе, во кое се превезувале полицајците, се судрило со автомобил „фолксваген пасат“.

„На 28.12.2020 околу 08:20 часот во близина на с.Белановце, кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе „рено“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, во кое се превезувале девет полициски службеници и патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(48) од Куманово.  По незгодата, на полициските службеници им била укажана помош во Општата болница Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди“, соопштуваат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Слични содржини