Повредени неколку лица при пукање во Сојузната држава Висконсин (ВИДЕО)

Син-ен-ен пренесува дека имало пукање во трговскиот центар „Мејфар“ кој се наоѓа во сојузната држава Висконсин во градот Воватоса, во близина на Милвоки.

Во овој напд се ранети неколку лица, посочи градоначалникот на Воватоса, Денис Мекбрајд.

Тој рече дека ранетите се пренесени во болница и дека засега се чини дека не претрпеле повреди опасни по живот.

Мекбрајд наведува дека напаѓачот е во бегство и дека 75 полицајци се распоредени на местото на пукањето.

Подетални информации за инцидентот ќе бидат објавени подоцна, додаде тој.

Снимките од местото на настанот покажуваат дека голем број полицајци влегуваат во трговскиот центар, како и најмалку пет лица што се изнесуваат на носилки.

Слични содржини