Повредени неколку лица во тепачка со боксови и секири во Струмица

од desk2

Во Струмица вчера околу 15 часот на улица „Славчо Стојменски” нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Н.А., З.А., Ф.А. Г.А. и Р.А. од едната страна и К.М., А.М. и С.М. од другата страна.

Како што соопшти МВР, најпрво започнала вербална расправија меѓу лицата, по што истите си размениле неколку удари со боксови, столови и други предмети меѓу кои и секира.

– Лицата се раздвоени од полициски службеници. Дел од учесниците се здобиле со телесни повреди, додека С.М. е пренесен во Јавна здравствена установа – Општа болница Струмица за укажување на лекарска помош, стои во соопштението.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини