Повредениот Дурент се откажа од Ол-старот и веднаш доби замена

од Nikola Popovski

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Xејсон Тејтум стана принуден стартер на претстојниот НБА Ол-стар натпревар следната недела. Така одлучи НБА лигата поради повредата на Кевин Дурент, кој има проблеми со задната ложа и нема да учествува на Ол-стар викендот на 7 март.

Наместо Тејтум, шанса како резерва ќе добие кошаркарот на Индијана Пејсерс, Домантас Сабонис, кој игра најдоброто досега во кариерата.

Сабонис оваа сезона има просек од 21,5 поени,, со 11,5 скока и 5,7 асистенции, па беше чудно што првично не доби шанса на собирот на најдобрите играчи во лигата.

Од друга страна, Татум, кој беше „прекомандуван“ во стартната петорка на Источната конференција оваа сезона, има просек од 25,6 поени, 6,9 скока и 4,5 асистенции по натпревар.

Инаку, ова е второ учество на Сабонис на Ол-стар натпреварот, но овој пат комесарот на НБА, Адам Силвер го избра за „летачка замена“ за суперѕвездата на Бруклин Нетс.

Пред повредата, Дурант собра најмногу гласови во изборот на навивачи на истокот и тоа само што се врати по повредата на Ахиловата тетива.

Слични содржини