Актуелно
Почетна / Слајдер / Повредените во експлозијата во Романовце и натаму во критична состојба

Повредените во експлозијата во Романовце и натаму во критична состојба

Тројцата пациенти кои беа хоспитализирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ по експлозијата на плинска боца во кумановско Романовце се уште се наоѓаат во тешка критична состојба.

Директорот на ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани денес информираше за нивната состојба истакнувајќи дека нема подобрување.

-Состојбата на повредените при експлозијата на плинска боца во кумановско Романовце е крајно тешка за двете жени и нема никаква промена во однос на подобрување. Состојбата кај мажот не е променета, тој е во тешка, но стабилна состојба и е на апарат на вештачко дишење, нагласи Хасани.

Тој посочи дека сите тројца пациенти се во кома и на вештачко дишење.

Хасани вчера истакна дека кај двете жени се утврдени изгореници на над 80 проценти од телото, додека мажот има околу 45% изгореници.

Во експлозијата на плинска боца на лице место загинаа три деца на возраст од 8,9, и 11 години. Подоцна во текот на денот, на повредите им подлегна и 60 годишен маж.

loading...