„Повреди на мозокот“: Заврши операцијата на ученичката која беше застрелана во училиште во Белград

од Stefanija Kuzmanovska

Операцијата на девојчето кое денес беше застрелано во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград заврши пред половина час. Во операцијата учествуваа неврохирурзи од нашата клиника и од Ургентниот центар. Тоа беше исклучително тешка операција бидејќи вклучува тешки повреди на мозокот. Детето ја напушти салата, но витално е загрозено, вели д-р Синиша Дучиќ, директор на Универзитетската детска клиника во Тиршова, додавајќи дека во таа клиника има вкупно тројца повредени ученици, едно девојче и две момчиња.

Како што наведе, девојчето е сместено на одделението за интензивна нега и во тек се сите процедури за реанимација.

„Таа е во многу тешка состојба и е витално загрозена. Кога станува збор за двете момчиња кои исто така беа примени, тие се во стабилна здравствена состојба, на одделение се и примаат антибиотска терапија. Имаат прострелни рани на долните екстремитети, а можам да кажам дека се работи за лесни физички повреди“, нагласи д-р Дучиќ.

Слични содржини