Повторно блокиран Твитер-профилот на Филипче

од Nikola Popovski

Социјалната мрежа Твитер повторно го блокираше официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче.

На неговиот профил стои дека „Твитер ги суспендира профилите што ги прекршуваат правилата“.

Неодамна месецов, профилот на министерот беше ставен под рестрикција.

„Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација. Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи профилот, се работи на надминување на проблемот“, информираа тогаш од ресорното министерство.

Слични содржини