Повторно хоспитализиран: Берлускони префрлен во болница во Милано

од Nikola Popovski

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е примен во болницата Сан Рафаел во Милано, пренесува денеска Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од неговата партија Форца Италија.

Тој рече дека Берлускони (84) синоќа бил примен во болница на „темелен клинички преглед“, без да даде повеќе детали.

Берлускони беше во болница во неколку наврати минатата година, откако се зарази со коронавирусот во септември минатата година.

Тој потоа го нарече коронавирусот „најопасниот предизвик“ во неговиот живот.

Берлускони, кој беше премиер на Италија во четири наврати, имаше операција на срце во 2016 година, а исто така имаше и рак на простата.

Милијардерот последен пат беше примен во болница во мај, кога помина пет дена во Сан Рафаел.

Слични содржини