Повторно ли цепење на ВМРО ДПМНЕ , па виситински па народни па…!?

од desk4

“Господе им помогне”, беше краток коментар на Јанчев, откако беше протеран од партијата.

Централниот комитет  на ВМРО-ДПМНЕ ги исфрли од редовите на партијата сите познати личности кои се спротивставија на политиката на изолација и конфронтација предводена од лидерот Христијан Мицкоски.Дури и помина на ред и демек оставка на лидерот.Сите се виновни освен тројцата околу него и Мицковски.

ЦК  на Мицковкси ги исклучија клучните луѓе и направија класична чистка од тие кои размислуваат различно од раководството.

Раскол ли чистка ли

На синоќеѓната чистка исклучени се  од партијата потпретседателот на партијата, Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет / ИК / на ВМРО-ДПМНЕ Константин Богданов. Во исто време побарано е  исклучување од партијата и на поранешниот директор на контраразузнавање и братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков.

Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, ќе биде исто така  исклучен од партијата.

“Господ да им помогнеме”, беше краток коментар на Јанчев, откако беше протеран од партијата, а втор човек во  ВМРО-ДПМНЕ.

Сите пратеници кои гласаа  на седницата за уставни измени според Преспанскиот договор, исто така, ќе бидат исклучени од партијата.

Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовоски “потоа седница на ЦК веќе ништо нема да биде како порано во ВМРО-ДПМНЕ”. “Поради акција против интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија и поради соработката со Зоран Заев во условите на организирана криминална група за притисок, рекетирање и поткуп на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, за да бидат прифатени уставните измени, ЦК  го исклучи од партијата Митко Јнчев Рече Николовски.

Николовски тврди дека во Македонија “веќе има нова коалиција меѓу Зоран Заев, братот на  Заев   и Сашо Мијалков”. ЗА екс лидерот рече дека не ушествувал во такви пакувања и Никола Груевски за нив останува почесен претседател на партијата.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ побара 8-те пратеници кои гласаа за промени во Уставот да ги напуштат своите места во парламентот.

“Ако Митко Јанчев е исклучен од партијата, јас ќе ја напушти Парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ. Додека Мицкоски е лидер на партијата јас повеќе нема да бидам пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се целосно недемократски методи”, рече пратеникот Панчо Минов откако станаа познати одлуките на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, што значи глас помалку за ВМРО ДПМНЕ и глас повеќе за парламентарното мнозинство кое веќе брои 81 глас.

Митко Јанчев, Константин Богданов и Никола Тодоров јавно се спротивставија на повикот за бојкот на референдумот од 30 септември. Тие самите гласаа на референдумот.

Потсетуваме дека претходно партијата го разреши и заменикот-генерален секретар, Петар Богојески. Пресметката со реформистите трае во континуитет, особено откако тие повикаа да се излезе на референдум и ја истакнуваа важноста на интеграциските процеси за Македонија.

Неколку часа пред седницата на ЦК Сашо Мијалков изјави дека  дека “историското ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле прозападна ориентирани”.

Мицковски дури и предложи да свика вонреден партиски конгрес, но неговиот предлог беше одбиен, рече Николовски.

 

ВМРО ДПМНЕ против   ВМРО ДПМНЕ

Христијан Мицкоски застана на чело на ВМРО-ДПМНЕ во крајот на 2017 година на конгресот во Валандово. Тој беше поддржан од тогашниот лидер и поранешен премиер Никола Груевски.

Ако се земе предвид дека Никола Груевски дефинитивно завршува во затвор, и веќе се најавува дека тоа ќе биде 9 Ноември, тогаш ваквите потези на Мицковски значат или чистење на партијата кое мисли дека  може да му го засили  дејствувањето, личен хир или спроведување на туѓи политики.

Познавачите на ВМРО ДПМНЕ во ваквите рискантни потези против меѓународната заедница , кај Мицковски  ја препознаваат  и политиката на Мартин Протуѓер, главниот советник на Никола Груевски,  кој играше тврдо против мешањето на странците и ги организраше и мобилизирзаше сите антизападните антиамбасадорски активности,  спротиставување на меѓународната заедница кој пак им го урна античкиот мит и коруптивното владеење. Таа политика на чистење на се што поинаку размислува во општеството,   како концепт на двоецот Груевски -Протуѓер, сега  му се удри од глава и се реализира во  самото ВМРО ДПМНЕ .

Христијан  Мицковски  очигледно се  доведува во ситуација на привремен лидер со одредено време, кој имаќе задача  да ја оддржи партијата барем некое време додека да се соземе Груевски, да го држи на страна заслуѓните вмровски кадри кои се конкуренти за лидери,  но по синоќешната чистка  тој само ја покажа немоќта да се носи со вмровската приказна   и  само ја ги зголеми јазовите во и онака распукнатата ВМРО ДПМНЕ.

Сега најголемата опозициска партија,  се измести од својата насока, и станува подложна на влијанија на туѓи политики кои се совпаѓаат со антизападнато дејствување што никогаш не било концепт на ВМРО ДПМНЕ.

Ад

Слични содржини