Повторно поделби: Меган и Хари нема да го делат покривот со Вилијам и Кејт во Шкотска

од Vladimir Zorba

Секоја година, кралицата на Велика Британија оди во нејзиниот дом во Шкотска за да избега од центарот на вниманието барем некое време. Таму ги поканува членовите на кралското семејство да ѝ се придружат  неа и на принцот Филип за време на нивниот одмор.

Но, овој пат, Елизабета Втора нема да може да ги собере војводите од Кембриџ и Сасекс. Излегува дека додека се таму, Меган, Хари и нивниот син Арчи, принцот Вилијам и Кејт и децата Џорџ, Шарлот и Луис нема да бидат во куќата.

Според „The Sun“, повикувајќи се на кралските коментатори, иако во замокот има простор за сите, двете семејства не сакаат да спијат под еден покрив.

Причините може да се должат на насобраната тензија помеѓу Меган и Кејт предизвикана од повеќе ситуации. Едната е од времето на крштевањето на принцезата Шарлот, кога Меган не успеа да ги исполни барањата  на Кејт.

И другиот инцидент е од изјавата на поранешната актерка дека таа не се снимала на насловната страница од септемвриското издание на Вог, за да не привлече винамние. Во исто време, Кејт се појавува во некои престижни изданија.

Друга причина за разделбата меѓу двете семејства е најавата на Меган и Хари дека не сакаат да имаат повеќе од две деца затоа што сакаат да се грижат за планетата.

Значи, како што знаеме, Вилијам и Кејт веќе се тројца, и воопшто не им се допадна оваа изјава.

Слични содржини