Повторно поскапување на горивата од полноќ

од Берта Китинска

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 % во однос на Одлуката од 21.06.2021 година.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 ден/кг и сега ќе изнесува 37,152 ден/кг.

Од 29.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,152 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 2,671%, дизелот за 1,433%, екстра лесното масло за 1,411% и кај мазутот зголемувањето е за 2,244%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,332 %, соопштија од РКЕ.

 

Слични содржини