Повторно се чисти депонијата кај железничкиот мост во Гази Баба

од Vladimir Zorba

Град Скопје денес започна со чистење на депонијата кај железничкиот мост на реката Вардар во општина Гази Баба.

На оваа депонија секојдневно се исфрла комунален отпад и градежен шут кој придонесува кон загадување на почвата, подземните води и воздухот, но пред се го загрозува здравјето на жителите од оваа општина.

Градот во соработка со јавните претпријатија интензивно ќе работи на целосно чистење на оваа дива депонија, која зафаќа површина од над 13.000 метри квадратни, соопштија од тимот на Данела Арсовска.

Слични содржини