Повторно се отвора модуларната болница кај Инфективна: Веќе од утре ќе се примаат пациенти

од Nikola Popovski

„За да можеме да дадеме професионален и максимален одговор на новиот пораст на заразени, подготвено е повторното отворање на модуларната болница и веќе од утре ќе бидат на располагање сите за да прифатат нови пациенти“, изјави Милена Стевановиќ, директорката на Инфективната клиника.

Од Министерството за здравство соопштија дека пунктот за вакцинација, кој досега беше во модуларната болница, сега се сели во Центарот за јавно здравје во Скопје.

Според денешната евиденција, во Ковид-центрите во Скопје имало 30 слободни болнички кревети, а во цела земја 350. Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно лежат 323 лица. На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 787 и има околу 350 празни болнички кревети.

Според последниот извештај високи се бројките кај младата популација. Од регистрираните смртни случаки 1971 се мажи, 1.173 се жени. Од оние кои починале 83,2 проценти имале претходни заболувања. Од инфективната клиника објаснуваат дека гоелм број од пациентите се млади и до 45 години кои имаат комплиакции, без претходни заболувања. Зголемен е бројот и на дневни прегледи и во ГОБ 8 септември, до 230 прегледи дневно.

Слични содржини