Повторно силен земјотрес во регионот

од Nikola Popovski

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Романија.

Земјотресот е регистриран на околу 80 километри од Брашов, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, кој првично изјави дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени.

Епицентарот бил на длабочина од 80 километри.

Засега нема информации за можна штета.

Да потсетиме, ова не беше единствениот земјотрес на Балканот во текот на денот. Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван утрово во Сплит и пошироката област на Далмација.

 

 

Слични содржини