Повторно сингл: Рита Ора раскина со своето момче

од Nikola Popovski

Пејачката Рита Ора раскина со своето момче режисер по нешто повеќе од шест месеци врска, пишува „The Sun“.

Познатиот пејач и француски режисер Ромен Гаврас не можеа да се гледаат често поради карантинот и целата ситуација со коронавирусот, па нивната врска се влошила. Покрај тоа, пејачката ќе ги помине следните неколку месеци во Австралија на снимање на локалната верзија на шоуто „The Voice“.

Извор близок до пејачката вели дека парот решил да ја прекине врската поради оддалеченоста меѓу нив и посочува дека тие сепак ќе останат блиски.

Последен пат парот беше снимен заедно во ноември минатата година.

Да потсетиме, британската поп-sвезда Рита Ора повторно беше мета на критики во јавноста по патувањето во Австралија. Таа влезе во земјата и покрај затворањето на државните граници, а не само таа, туку и австралиската влада беше на удар од лути и гневни граѓани.

Слични содржини