Повторно страшна експлозија во Либан: Хезболах ја блокирал областа (видео)

од Nikola Popovski

Во упориштето на Хезболах во јужен Либан се случила експлозија, но сè уште не е јасно што ја предизвикало.

Експлозијата се случилс во јужното село Аин Кан, над пристанишниот град Сидон. Нема извештаи за жртви, а официјален претставник на шиитската милитантна група Хезболах потврди дека експлозијата се случила, но тие не сакале да дадат повеќе детали.

Друг локален службеник на Хезболах не можел ниту да потврди ниту да негира дали има жртви во експлозијата и соопштил дека сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата.

Членовите на Хезболах формирале безбедносен кордон околу местото на експлозијата и забраниле пристап до новинарите. Локалните снимки од телевизијата Ал Џадид покажуваат дека има оштетени згради.

Мистериозната експлозија се случила седум недели по големата експлозија во пристаништето Бејрут предизвикана од активирање на лошо складирани околу 3.000 тони амониум нитрат.

Во експлозијата загинале скоро 200 лица,  повредени биле 6.500 и биле оштетени десетици илјади згради во главниот град Бејрут.

Сè уште не е познато што го предизвикало оригиналниот пожар што ги запалил хемикалиите, а досега никој не одговарал за тоа.

Слични содржини