Повторно судири пред српското Собрание, полицијата фрла солзавец (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Граѓаните на Белград, Нови Сад и Крагуевац протестираат на улиците на нивните градови. Неколку илјади граѓани се собраа на платото пред српскиот парламент.

Според известувачите на Нова.рс, бројни полициски сили се пред собранието со опрема за рушење на демонстрациите. Група демонстранти претходно го нападна лидерот на Движењето на слободни граѓани (PSG), Сергеј Трифуновиќ и го избркаа од протестот. Во Нови Сад демонстрантите ја нападнаа зградата на РТВ со камења и петарди.

Меѓу собраните граѓани се лидерите на опозицијата, претседателите на Партијата за слобода и правда Драган Ѓилас, Народната партија Вук Јеремиќ, на Двери Бошко Обрадовиќ, Демократската партија Зоран Лутовац, партијата Движење за промена Јанко Веселиновиќ. Тука се и Борко Стефановиќ, Мирослав Алексиќ, адвокатот Боња Прелевиќ, карикатуристот Душан Петришиќ.

Граѓаните се собраа по повод носењето одлука за повторно воведување полициски час од петок до понеделник, заради, како што рече претседателот на Србија, Александар Вулиќ, алармантната состојба во Белград.

Слични содржини