Повторно уапсен мaжот кој со нож упадна во куќата на Аријана Гранде

од Stefanija Kuzmanovska

Maж кој веќе бил апсен поради демнење на познатата пејачка Аријана Гранде, повторно е уапсен, овој пат откако упаднал во нејзиниот дом во Монтесито на нејзиниот 29-ти роденден, пишува TMZ.

Ахарон Браун е веќе познат по тоа што ја демне Аријана. Имено, тој беше уапсен лани во септември во нејзината куќа во Лос Анџелес откако се појави со голем ловечки нож, наводно викајќи на нејзиното обезбедување дека „ќе ја убие и неа и нив“. Тој бил уапсен поради криминални закани, а судијата му изрекол забрана да се приближува до Аријана.

Тие предупредувања не го спречија во понатамошни обиди да ѝ се приближи на пејачката.

Неодамна ја прекршил забраната обидувајќи се да ја пронајде Аријана, па овој вторник требало да се пријави за прекршување на забраната, но во неделата отпатувал за Монтесито и повторно упаднал во нејзината куќа.

Изворите на ТМЗ тврдат дека во неделата Браун некако влегол во домот на Аријана. За среќа во тој момент не била дома, но се огласил безбедносен аларм, се појавиле полицајци и го уапсиле Браун. Уапсен е за следење, провална кражба, оштетување линии, кршење судска наредба и попречување. Тој се изјасни за невин, но Браун моментално е во притвор.

Слични содржини