Повторно земјотрес посилен од утринскиот-5,3 стeпени според Рихтер

од desk3

Во 15 часот и 10 минути повторно имаше земјотрес во скопското подрачје, а беше почувствуван како во главниот град така и во Велес, Тетово и Македонски Брод.

земјо

Според Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 5,3 сетпени според Рихтер, а епицентарот бил на 7 километри источно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван и во Србија и Косово.

zemjtotres

 

Фото:  Република

Новите потреси следат откако утринава во истото епицентрално подрачје беа регистрирани два потреси од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер./МИА

Слични содржини