Позадина на скандалот: „Зошто црнец“? Никогаш не би посочил „белец“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Скандал во Лигата на шампионите на натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Башакшехир, меч кој беше прекинат во 24-та минута поради манифестација на расизам.

Нешто невидено на елитната сцена се случи среде Париз… При резултат 0:0 настана општ хаос и натпреварот беше прекинат поради расистички испад на судијата од Романија.

Главниот судија во 15-тата минута тргна да го исклучи Пјер Вебо, помошник тренер во стручниот штаб на Башакшехир, па го праша четвртиот судија кој протестираше и тој му укажа на поранешниот камерунски фудбалер.

По тој повод, тој исто така рече – „негро“, што на романски значи – црнец. Доволно Демба Ба, кој седеше на клупата, да им отчита лекција на судиите.

„Слушај ме. Никогаш не би рекол „Овој бел играч“, само би рекол „играч“. Зошто го истакна тоа? Зошто истакна дека некој е црн, зошто мораше да го кажуваш тоа така“, бесен беше Демба Ба.

Фудбалерите на клубот од Истанбул се повлекоа од теренот, а наскоро истото го сторија и играчите на ПСЖ, па натпреварот сепак беше прекинат.

Слични содржини