Поздрави од Европа: СДСМ го избра вистинскиот пат за да се спроведат прогресивни промени

од Vladimir Zorba

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави одржувањето на онлајн конгресот на СДСМ и донесувањето на одлука за целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените во органите и телата на партијата.

– Честитки до македонските пријатели во СДСМ и до Зоран Заев кои денес одржаа дигитален конгрес. Го избраа вистинскиот пат за да се спроведат прогресивни промени и да се оди напред. Ја поздравувам силната иницијатива за клучното учество на жените и на младите при донесувањето на одлуки, напиша Пицула на Твитер.

Сабота во австриските планини или учество во дигиталниот конгрес на СДСМ, пак се прашува претседавачот со собраниската Комисија за надворешни работи во австрискиот Парламент.

Поранешниот европратеник и социјалдемократ, Кнут Флекенштајн му честиташе на премиерот Зоран Заев и на СДСМ за решението идниот лидер на партијата да се избира преку непосредни избори.

Генералниот секретар на меѓународниот центар „Олоф Палме“, Ана Сандстром се заблагодари на партијата за прикажување на светот дека демократијата и еднаквоста ќе надвладее и ќе се разоткрие национализмот и авторитаризмот.

Слични содржини