Пожар крај пругата Богомила, стопиран е патничкиот воз Скопје–Велес–Битола

од Берта Китинска

Попладнево во 15 часот избувна пожар од кога возот на релација Богомила-Велес поминал кај стојалиштето Ореше.

Во пожарот гори сува трева, но има опасност по околната шума. Како што информираат за МИА од ТППЕ Велес, веднаш на терен во гаснење се вклучиле шест пожарникари со две возила со вода за гаснење.

Тие прават огромни напори пожарот да се изгасне за да не се прошири на околната шума.

Пожарот за МИА го потврдија одговорните и од Железничката станица во Велес, а за тоа дали е настанат поради искрење на тркалата врз шините, велат дека ќе покаже истрагата.

Поради пожарот привремено за 40-тина минути е запрен железничкиот сообраќај на овој дел од пругата, односно стопиран е патничкиот воз Скопје – Велес – Битола, кој на овој опожарен дел според возниот ред поминува нешто по 16 часот.

Слични содржини